Скопјани со поделени мислења за пушењето во затворен простор

Непочитувањето на Законот за забрана на пушење во затворен простор ја поттикна иницијативата за петицијата на социјалните мрежи која со вртоглава брзина ја потпишуваат граѓаните. 

Иако поголемиот дел од граѓаните ја потпишаа петицијата, сепак постојат и такви кои имаат спротивно мислење.

Еве ги дел од коментарите: 

-Кај нас газдите не сакаат да инвестираат во добра вентилација,сакаат само пари да лапаат,еве во Белград се пуши секаде но во секој објект вентилација има како што треба...и господа немора да седите на терасите каде што се пуши,седете си внатре во објектите...

-Треба прво да се забранат садење тутун и давање субвенции за истото, а потоа и забрането пушење. А вака се косат двата закона даваат дури и субвенции за тутун, а ваму закон за забрана. Автомобилите и сите со мотор на внатрешно согорување исто забрана да се употребуват едни ќе се возат а ние со точаци ќе се труеме од гасови.

-Е добро зошто нема петиција за загадениот отровен воздух кој го дишиме и од кој годишно умираат по 2 до 3.000 луге. Или тоа не е битно не ни смета.

-Секој може да искочи надвор и да запали како секаде во светот, ние што не пушиме не можеме да избегаме од димот, дури и на пушачи им смета, не бидете говеда!

-Читам и јасно ми е...Ние не сме народ ,ние сме некое чудно створение далеку без човечки карактеристики.Во државава наша се опраивме па до пушачите ни дојде...

-Природно право е на оние кои непушат ,барем колку,толку кога ќе сакаат да си седнат некаде, да имаат убав и чист амбиент!

Да се врати законот против пушење во затворен простор во функција, доста е труење од туѓите лоши навики, доста е усмрдување на облека, коса и тело од чадови! Се работи за вашето и нашето здравје! Се работи за здравјето на нашите деца! Ваков е описот на Петицијата.

Начинот на кој светот гледа на цигарите драматично е променет во споредба со блиското минато. Оваа навика некогаш се сметаше за секси, привлечна, дури и добра за здравјето. Беше промовирана од спортисти, рекламирана на сите телевизии. Тешко беше да се види филм каде ѕвездите не држеа цигари во рака. Денес, пушењето се смета за лоша навика, која создава зависност и може да го убие пушачот, како и останатите околу него.