Скопјани се жалат: За 1 час паркинг наместо 25 денари, се наплаќа 50 денари

-На паркингот кај Воденица - Мулино се паркирав на градски паркинг и времето на паркирање беше 17:14. Го запазив времето на излегување и во 18:13 веќе бев на каса да ми го наплатат моето паркирање од еден час кое чинеше 25 денари, но при наплатата ми беше наплатено како за два часа, или 50 денари. Кога прашав зошто 50 денри кога бев паркиран само еден час вработениот ми одговори дека толку му пишувало во компјутер и кога побарав да видам, ми го откуца ливчето од паркинг и покажуваше дека сум надминал 8 минути после еден час паркирање, со тоа што на компјутерот не стоеше времето 18:13 туку 18:21, цели 8 минути му беше понапред часовникот. Веднаш ја погледнав фискалната која ми ја даде за да го видам времето кое го пишува и што да видам, на фискалната стоеше дека фискалната е издадена во 18:07 часот. Кога побарав објаснување зошто едно со едно време не се совпаѓа и зошто ми се наплатува еден час плус паркирање вработениот ми одговори: „Имаш таму број јави се и жали се“ и ми го затвори прозорчето, објаснува еден скопјанец.

Во слична ситуација се нашал уште едан скопјанка која за 50 минути наместо 25 денари според ценовникот на градскиот паркинг платила 50 денари.

-Не се работи за плус 25 денари, принципот е во прашање, кога ќе побараш објаснување зошто ти е толку наплатено дрско ти одговараат, ти го затвараат прозорчето пред нос, а може и да ти се развикаат, вели една скопјанка.