Скопјани се гушат во смог, во Лисиче едвај се дише

Нивото на загадување во сите скопски општини во изминативе 24 часа беше над дозволеното.

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање покажале најголема загаденост во Лисиче каде во 19 часот биле измерени 496 микрограми на метар кубен ПМ10 честички.

Во Ректорат биле измерени 487 микгрограми на метар кубен ПМ10 честички, во Центар 392, додека во Карпош 212 микрограми.

Во Гази Баба мерната станица ја регистрирала највисоката вредност од 306 микрограми.

Битола, Велес, Кичево, Кочани се само дел од останатите градови низ Македонија каде водухот бил загаден многу над дозволеното.