Скопјани револтирани: Автобусите се сауни на четири тркала

Скопјани деновиве револтирано пишуваат по социјалните мрежи и коментираат како автобусите на ЈСП секој ден се повеќе се расипуваат дури и во некои автобуси на овие високи температури нема клима.

Како да се натераат граѓаните наместо со својот автомобил, на работа да заминат со автобус, кога повеќето се стари возила што личат на подвижни сауни на четири тркала, бидејќи најчесто се неклиматизирани, прашуваат скопјани. 

И покрај набавката на нови автобуси и обновениот возен парк на ЈСП, низ градските улици сѐ уште сообраќаат и многу стари возила.

Од ЈСП признаваат дека новите автобуси често им се расипуваат.

Приватните автобуси се неклиматизирани, а повеќето немаат ниту прозорци што се отвораат. Не функционираат ниту малите прозорчиња, а ако се отвораат висат на еден шраф на главите на патниците. Климатизацијата е проблем и за некои од новите автобуси на ЈСП, бидејќи најчесто возачите не го пуштаат клима-уредот. Не одговараат ниту на барањата и реакциите на патниците, кои сметаат дека тоа го прават за да штедат гориво.

Борба за воздух и за кислород има секој ден во автобусите од градскиот превоз, а допрва ни претстојат високите летни температури.