Скопјани пријавуваат загадувачи на воздух - градската комунална инспекција на терен

Со почетокот на грејната сезона, значително се зголеми загадувањето на воздухот. Ова е тема која се актуелизира секоја зимска сезона, а Градските власти, и покрај напорите не успеваат да го намалат аерозагадувањето.

Од Град Скопје постојано апелираат до скопјани свесно да не ја загадуваат околината, а доколку забележат некој да го прави тоа, да пријават на бесплатниот телефонски број 193. 

Од таму додаваат додаваат дека скопјани сакаат чист воздух и дека загадениот секој ден им пречи се повеќе и повеќе, па така во рок од 5 дена добиени се 42 пријави од граѓани, градската комунална инспекција интервенирала по сите поединечно, при што на 10 локации кои биле на јавни површини, бил изгаснат пожар. Останатите пријави главно се однесувале на палежи на смет во приватни поседи.

Градската комунална инспекција и покрај тоа што секојдневно е на терен, житетелите на Скопје не се задоволни од тоа како се решава проблемот со загадувањето.