Скопјани на Водно во потрага по чист воздух

Голем број скопјани викендите ги користат за да се искачат на Водно, барајќи спас од загадениот воздух.

Меѓу нив секако се и оние кои редовно практикуваат да се искачуваат на Водно, кој од навика кој од потребата за здрав живот. Додека едни пешачат, други не се двоумат да ја искористат жичарницата за да се качат што повисоко на планината, па од таму да го набљудуваат градот, кој се задушуваше во прашина.

Иако сме пред прагот на зимата, и имаме ниски температури, тоа не им пречи на скопјани за да се искачат на Водно, барајќи чист воздух за дишење, макар и само за неколку часа.