Скопјани ги избраa најдобрите места за кафе, пица и коктели

Во интересен инстаграм натпревар преку инстаграм профилот на Скопје Инфо, скопјани во текот на викендот имаа можност да ги предложат и да гласаат за најдобрите места за кафе, пица и коктели во Скопје. Во категоријата најдобро кафе победи кафтеријата „7 грама“, најубава пица има во „Мама Италијана“, а најдобрите коктели се прават во „Коктел бар“ во Скопје.

Гласањето се одвиваше во две фази. Во првата фаза инстаграмџиите ги предлагаа своите омилени места за кафе, пица и коктели, а во втората фаза преку анкета гласаа и ги избираат најдобрите. Во сите три категории вкупно беа собрани повеќе од 1500 инстаграм гласови. 

Вакви и слични натпревари и избори ќе има и понатаму на инстаграм. Доколку сакате вашиот избор да победи или да гласате за омилениот локал следете го инстаграм профилот на Скопје Инфо.Освен тоа, таму може да ги најдете и најубавите фотографии од метрополата.