Скопјани чекаат: Што се случи со билетот за едно возење?

Скопјани се уште чекаат на билетот за едно возење.

Градските власти и покрај  ветувањето дека од 1 ноември ќе стартува користењето на хартиениот билет за едно возење, на оваа поволност граѓаните ќе мора да почекаат уште малку, но не се знае до кога. Се уште не се знае дали и кога скопјани ќе добијат билет за едно возење во Јавниот градски превоз.

Билетите за едно возење, не се пуштени во употреба. Ова и понатаму останува проблем за оние кои ретко користат јавен превоз или доаѓаат од внатешноста.

Граѓаните се револтирани и бараат што побрзо да се врати во употреба билетот за едно возење. Корисниците на услугите на ЈСП велат дека користењето на јавен превоз е превилегија само за одредена категорија граѓани.  

Цената на билетот за едно возење ќе биде 50 денари и веќе е одобрена на Советот на градот Скопје.

Билет за едно возезе за сега може да се плати само преку мобилен телефон, услуга која постарите граѓaни велат дека им е комплицирана за активирање и користење.