Скопјани чекаат автобус под ведро небо

Скопјани на некои постојки во градов чекаат автобус под отворено небо.

На дел од постојките се поставени нови стреи, но во градското подрачје се уште има и постојки без никаква стреа, или пак се уште ги има старите жолти печурки. 

Граѓаните и понатаму ќе чекаат градски превоз под ведро небо. Се уште мака мачат со тоа што немаат каде да се засолнат кога врне, дува или пече сонце. 

Ваква е ситуацијата на постојката спроти хотелот „Холидеј ин“, пред средното економско училиште „Арсени Јовков“, на станицата по неа, пред црквата „Свети Никола“, на улицата Втора македонска бригада.