Скопјанецот Тоше е највисокото момче во Македонија: Вистински проблем е да си најдам девојка (ВИДЕО)

Дали знаете кој е највисокиот Македонец. Станува збор за 20 годишниот Тоше Јовчевски од Скопје.

Се занимава со неколку хумани и интересни професии, за кои не е потребно да е висок 2 метра и 16 сантиметри, пренесува Канал 5.

Дали е предност или недостаток твојата височина од 216 сантиметри?

-Повеќе е предност отколку недостаток. Кога ќе излезам сите ме прашуваат за тоа колку сум висок. Нема некој недостаток.

Можеш ли девојка лесно да најдеш?

-Е тоа е вистински проблем, тука е многу тешко, одговори високиот Тоше.

Во видеото погледнете го целиот разговор.