Скопјанецот кој вчера го фати крстот дел од парите ќе даде за лекување на болно девојче

Даниел Дончевски, скопјанецот што го фати крстот во Вардар вели дека парите што ќе му ги дадат, дел од нив ќе даде за лекување на едно девојче, чиј живот е во прашање.

Пред сè сакам на сите мои христијани да им го честитам големиот празник Богојавление – Водици, да им посакам здравје, среќа, љубов и да бидеме вака сплотени секоја година во мир, секој ден да се покајуваме и вака да го празнуваме со љубов и со вистинска вера нашиот христијански празник. Покрај за здравје, за својата фамилија скокнав по крстот за еден мал јунак Биле Пешевска, херој што се бори против болест поради која многу би се откажале од неа – вели Дончевски.