Скопјанец заврши на Ургентен по кафанска тепачка

Утрово во 02.48 часот во Градската општа болница “Наум Охридски“ донесен бил 37-годишниот Е.А. од Скопје кој се здобил со повреди при нарушен јавен ред и мир во угостителски објект лоциран на ул. “Димитрија Чуповски“ во Скопје.

Откако му биле извршени лекарски прегледи, Е.А. е префрлен на Одделението за Максиофацијална хирургија при Ургентен Центар каде од страна на доктор му е констатирана тешка телесна повреда – фрактура на вилица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.