Скопјанец заврши без пари и во болница - натрапник му заѕвонел на врата

Во 01 часот и 50 минути 28-годишниот И.Д. телефонски пријавил дека на улицата „Радика“, од страна на непознат сторител му било извршено разбојништво.

Насилникот, како што информираат од полицијата, заѕвонел на влезната врата од станот на И.Д. а откако тој излегол, со тврд предмет бил удрен по глава, по што насилникот влегол внатре и му го одзел мобилниот телефон и околу 500 евра.

Нападнатиот со возило на Итна помош е префрлен во Ургентен центар Скопје, а се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.