Скопјанец загина во тешка сообраќајка во близина на Марино

Во тешка сообраќајна незгода која утрово се случи во близина на селото Маринo загина едно лицe, а две лица се тешко повредени.

Сообраќајната незгода се случила во 9 часот утрово на излез од село Марино кон Бунарџик, дознава Скопје Инфо од извори СВР Скопје.

Според информациите, во соообраќајката со тешки телесни повреди се здобиле лицата П.Д. од Кичево и Ј.В. од Струмица, додека лицето С.С. роден 1969 година од Скопје се здобило со тешки телесни повреди и починало на лице место.

Полицијата извршила увид на лице место.