Скопјанец загина во судар на комби и автомобил кај Охрид

Педесет и петгодишен скопјанец загина во сообраќајната несреќа што се случи вчера околу 15:00 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево.

Како што информираат од СВР Охрид, вчера околу 15:00 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, помеѓу селата Ботун и Климештани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Цитроен Саксо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.С.(55) од Скопје и товарно возило „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(27) од Охрид. Во незгодата, од здобиените повреди на местото починал возачот П.С.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Охрид