Скопјанец загина во сообраќајна несреќа на скопската обиколница

Четириесетгодишен скопјанец загина во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на скопската обиколница, кај Радишани.

Според информациите на МВР, М.А.(40) од Скопје, кој управувал автомобил „опел астра“, изгубил контрола над возилото и се превртел.

Возачот починал на местото, додека едниот сопатник Б.Н.(42) се здобил со телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, а другиот сопатник А.С.(29) се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.

За неколку часа ова е втора несреќа на обиколницата кај клучката Радишани. Утринава се судрија два камиони.