Скопјанец удрил во двајца пешаци, повредени малолетни момче и девојче

Четириесет и шест годишен скопјанец управувајќи со „Застава југо“ удрил во 16-годишно девојче од Скопје и 17-годишно момче од село Чајлане, скопско, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Несреќата се случила на бул. „Гоце Делчев“ пред крстосницата со ул. „Лазар Личеновски“.

– Во незгодата девојчето се здобило со тешки телесни повреди, а момчето со телесни повреди, кои им биле констатирани во Ургентен центар-Скопје, се вели во соопштението.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.