Скопјанец стана милионер

Кренан Таири од скопската општина Бутел, на 8-ми април, го освои 38 МИЛИНЕР ЏЕК ПОТ на Државна видеолотарија. Добивката вредна 1.230.149 денари е освоена во Спорт Лаиф Трејд на улица Водњанска во Скопје.

Кренан Таири ја продолжува низата милионери во април. Тој е вториот  среќен добитник на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ за овој месец. Својата вредна добивка од 1.230.149 денари ја освоил на 8ми април. Таири повремено игра на видеолотариските терминали на Државна видеолотарија, но немал преголеми очекувања за добивките. На добитниот ден, влегол да уплати ливче за својот пријател и случајно додека чекал, одлучил да си ја испроба среќата. Во првиот момент, кога го слушнал сигналот кој ја означува најпосакуваната добивка, не сфатил што се случува точно. Но, кога сите се собрале околу него, му станало јасно дека посакуваната добивката МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ е во негови раце.

Кренан е уште под импресии на среќниот миг, па нема прецизен план за тоа како ќе потроши 1.230.149 денари.

Добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1ви јуни мината година. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото Играј за забава, освоени се 38 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 56.414.488 денари. Покрај нив, освоени се и 5122Мини Џек Пот добивка во вкупен износ од 38.432.669 денари. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари.