Скопјанец со нож нападнал две момчиња поради бизарна причина

Вчера 11 часот и 38 минути во Полициската станица во Аеродром, И.М. пријавил дека на улица „Владимир Комаров“ 42-годишниот Д.И. од Скопје со нож ги бркал лицата24-годишниот И.Ѓ. и 27-годишниот А.К. , двајцата од Прилеп.

Причина за настанот било тоа што И.Ѓ. и А.К., наводно, тропале на вратата од станот на Д.И.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.