Скопјанец со најневообичаен магистерски труд: 2 000 стебла Марихуана

43 годишниот П.М. од Скопје заработи кривична пријава поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Пријавениот со оправудавње дека главната цел му била изработка на магистерски труд на Земјоделскиот факултет во Скопје. Тој вели дека повеќе пати доставувал барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со кое сакал впишување во регистарот на неговите насади на коноп од сортата „Хелена“. Врстата тој ја добил од индустриско дозволено растение веќе заведено во регистарот како „Новосадско Конопље“, заедно со целокупната документација за започнување на одгледување и производсто на Коноп.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одговорило дека треба да биде запишан во регистерот на снабдувачи на семенски материјали, како и дека сортата „Хелена“ да биде запишана во Национална сортна листа и дека Министерството нема надлежност за давање согласност за користење на увезено семе за лична употреба. Известување и барање за дозвола за отпочнување на производство на коноп доставил и до Министерство за здравство за кое добил одговор дека во Република Македонија, како членка на Обединетите нации, е забрането производството на Канабис во сите форми.

Покрај известувањата кои ги добил од двете министерства пријавениот во текот на 2016 година, од Нови Сад, Србија набавил два килограми семенски материјал канабис. Дел од семенскиот материјал го засадил и одгледувал на земјиште лоцирано во м.в. „Врбица“ село Железница, кратовско, каде неовластено произведувал вкупно 1.897 растенија, додека останатиот семенски материјал од растителен род Канабис со нето маса од 1980,6 грама го чувал заради понатамошно дополнително производство.