Скопјанец со мотор влетал во Вардар па завршил на клиника

Вчеравечер, 28-годишен скопјанец бил хоспитализиран во Клинички центар откако со својот мотор паднал во реката Вардар.

„На 17.09.2019 во 20.30 часот,  на кејот на реката Вардар, во близина на мостот „Близнаци“, М.М.(28) од Скопје, управувајќи мотоцикл „БМВ“, изгубил контрола и паднал во реката. М.М. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.