Вчера околу 11.00 часот, С.Н.П. (22) од с.Петровец пријавила дека на 31.12.2017 година, додека била на гости кај нејзините кумови во с.Петровец, дошол нејзиниот сопруг А.П.(23) и се обидел со сила да ја натера да си замине од таму.

Според изјавата на скопјанката тој бил агресивен и под дејство на алкохол, таа одбила да си замине, по што тој фрлил стаклено шише кон неа и ја удрил по рака.

Малку подоцна, С.Н.П.  заедно со нејзините родители, се упатиле на нејзината домашна адреса со цел да земе некои лични работи. Додека била внатре во куќата, слушнала неколку истрели од огнено оружје и кога излегла од куќата, нејзините родители и кажел дека А.П. испукал неколку куршуми во воздух.

Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.