Скопјанец со „Голф“ удрил кумановка, итно пренесена во болница

Вчера околу 14 часот во Куманово на бул. „3-та Македонска ударна бригада“ се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.М. (72) од Скопје удрило во У.С. (47) од Куманово, која била пренесена во болницата во Куманово.

Увид на лице место извршила екипа од СВР – Куманово.