Вчера во 23,12 часот во Скопје, на улица „Христо Татарчев“ кај бензиската пумпа на "Макпетрол", патничко моторно возило „Џип Митсубиши“ со скопски регистарски ознаки управуван од Ј.С.(41) удрил во вработен на бензиската пумпа В.С.(57) од Скопје, информираат од МВР.

Во незгодата, В.С. се здобил со тешки телесни повреди - фрактура на левата нога, и е пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" за укажување лекарска помош.