Скопјанец со апел до сите жени: Одете редовно на гинеколошки преглед, мојата сопруга почина во рок од 6 месеци

Пред точно една година Дона дознала дека има рак на матката. За кратко време болеста се проширила низ телото. После шест недели хемотерапија, таа ја изгубила борбата со болеста. Починала во прегратките на својот сопруг и опкружена со своите 3 малолетни дечиња.

После оваа трагедија, нејзиниот сопруг на една од фејсбук страните за поддрша на жените болни од рак на матката, ја споделил својата приказна и упатил апел со сите жени да се грижат за свото здравје.

-Пред точно една година, на 22 декември 2016 година, мојата прекрасна сопруга, мојата најдобра пријателка, мајката на нашите прекрасни 3 дечиња, мојот свет, мојата сродна душа и моја суштина, дозна дека има рак на матката. По брзи прегледи, лекарите констарираа дека болеста се проширила.

Тешката борба против ракот, вклучувајќи и шестнеделна радиотерапија, која моравме да ја пекинеме поради компликации, таа дијагноза и го одзеде животот...

За жал, утрото на 5 август 2017 година, мојата прекрасна жена почина на свои 32 години и тоа во моја прегратка, опкружена од нашите дечиња, нејзините родители, братот и сестрата.

Оваа денес го споделувам со вас, една година после нејзината дијагноза за да го охрабрам секој оној кој го чита ова, да се грижи за сите посебни жени во нашите животи, всушност сите жени во нашите животи, редовно да одат на преглед кај гинеколог, да прават пап тест и никогаш да не ги прескокнуваат.

Мојата прекрасна сопруга овие прегледи ги одложуваше од причини за кои повеќе и не се сеќавам. Верувајте ми, сакам да се врата назад и да можам да се одвлечам на време на преглед...

Знам дека многу од вас жените со години не биле на овој преглед.

Овој тест трае само неколку минути, но последиците од избегнувањето можат да ви го уништат вашиот живот, а со тоа и животот на најблиските.

Јас секој утро се будам сам. Сам ги чувам децата. Ништо повеќе нема да биде исто.

Мојата сопруга испушти да го направи својот последен тест, а тоа го плати со својот живот.

Да не дозволиме и другите семејства да поминуваат низ таква болка со каква со соочувам јас секој ден. Да се бориме против ракот заедно бидејќи раното откривање, спасува живот.