Скопјанец си ја нападнал сопругата пред угостителски објект во Мичурин

Во саботата пред угостителски објект на ул. „Анастас Митрев“, нас. Мичурин, од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода В.Б. (57) од Скопје, кој пред угостителски објект физички ја нападнал неговата сопруга.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ, информираат од МВР.