Скопјанец сексуално малтретирал девојка со ветување дека ќе ја вработи во приватна болница (видео)

Скопјанка повеќе од една година трпела уцени и била принудувана на интимни односи мислејќи дека ќе добие работа. Пред четири дена решила да стави крај на сексуалното изживување и малтретирање и случајот го пријавила во МВР.

Скопската полиција поднела кривична пријава за уцена против 32 годишен жител на Скопје.

Се почнало во март 2016 година, кога скопјанката се запознала со пријавениот кој и понудил работа во приватна клиника. И ветил и дополнителна заработувачка како домаќинка кај службеник во амбасада. По неколку дена од средбата и кажал на фејсбук да прифати пријателство од човек кој треба да и помогне околу работниот ангажман. Таа почнала да се допишува со новиот пријател од социјалната мрежа кој прво и побарал компромитирачки фотографии. Откако ги добил почнал да ја уценува. Морала да има и сексулани односи со него а тој цело време снимал со мобилен телефон.

Во мај годинава и побарал 500 евра заканувајќи и се дека фотографиите и видеата ќе ги објави на интернет. Скопјанката му дала 300 евра, но тој не се откажувал. Не можејќи да го издржи притисокот, крајното решение и било да го пријави случајот во полиција.