Скопјанец се повредил додека работел со мотокултиватор

Вчера попладне во Единицата за известување и команда во Скопје, А.М пријавил дека во викенд населбата Орешани, неговиот сосед Б.Р. (53) од Скопје , се повредил со мотокултиватор при вршење  земјоделски работи.

Од екипа на Итна медицинска помош  Б.Р.  бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде му била извршена хируршка интервенција, а увидна екипа на МВР извршила увид на лице место.