Скопјанец се бори за живот, со трактор паднал во дупка длабока 30 метри

Педесет и две годишниот М.П. од скопско Стајковци се бори за живот на КАРИЛ по несреќен случај пријавен во полицијата вчера околу 18:30 часот.

Како што информираат од МВР, лицето околу 14 часот на местото викано Стајков вир, кај село Виниче, управувал трактор при што изгубил контрола над истиот, паднал во дупка длабока 30 метри и удрил во дрво.

Во возило на Итна медицинска помош во животна опаснот е пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде е хоспитализиран на КАРИЛ.