Скопјанец претепан во кафуле на Кеј

Во 22 часот синоќа 43-годишниот Ш.С. од Скопје се јавил во полиција и пријавил дека истиот ден околу 21 часот и 45 минути, во угостителски објект на улицата „Кеј 13-ти Ноември“ од страна на три непознати лица бил физички нападнат.

Според информациите кои и ги дал на полицијата, насилниците го удирале со тупаници во пределот на лицето и телото.

Притоа, тој се здобил со видливи повреди во пределот на главата и скршен заб на горната вилица.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.