Скопјанец претепан со метална шипка од непознато лице

Млад скопјанец во текот на вчерашниот ден бил нападнат и претепан со метална шипка.

Вчера околу 13 часот и 35 минути 24-годишниотЕ.Ц. (24) од село Долно Коњари во СВР-Скопје пријавил дека во катната гаража до Основен Суд Скопје на првиот спрат, од страна на непознато лице кое било со патничко моторно возило  бил физички нападнат со метална шипка во пределот на грбот, притоа здобивајќи се со телесни повреди.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.