Скопјанец предизвикал тепачка и нападнал полицаец

Утрово во 03,55 часот во Полициската станица Центар откако бил приведен В.Н.(20) од с.Волково-скопско, по претходно нарушен јавен ред и мир со меѓусебна пресметка, информира полицијата во денешниот билтен. 

Тепачката се случила помеѓу него и Б.М.(24) од Скопје на паркинг на улицата “Даме Груев“, при извршен претрес пронајдена му била марихуана. В.Н. физички нападнал и еден полициски службеник.

По целосното  документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок од страна на МВР.