Вчера околу 08.00 часот во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека на 11.10.2017 година околу 07.40 часот во Градската општа болница „8-ми Септември“ бил примен В.С. (33) од Скопје со повреди од огнено оружје на десната страна на лицето, десното колено и десната рака.

Имено, В.С., истиот ден бил на лов на „Зајчев Рид“ и околу 07.00 часот, додека се движел кон местото викано „Бардовечко брдо“, слушнал истрели од огнено оружје, по што се здобил со телесни повреди. Врз В.С. била извршена хируршка интервенција и се наоѓа надвор од животна опасност. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 12.10.2017 година околу 01.40 часот во Единицата за информации и команда Скопје, од страна на Итна медицинска помош, било пријавено дека на ул. „Орце Николов“ во Скопје од страна на случајни минувачи во патничко возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат Г.С. (42) од Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.