Скопјанец полово нападнал девојка во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ задоволување полови страсти пред друг на јавни места”, СВР  Охрид поднесе кривична пријава против И.П. (25) од Скопје.

Од полицијата информираат дека пријавениот казненото дело го сторил на 28-ми јуни оваа година  во 10 часот и 45 минути во влез од зграда на булевар „Туристичка” во Охрид.

-Половото дејство на јавно место, пријавениот го извршил откако во влезот од зградата забележал девојка која била во близина на поштенските сандачиња по што и се приближил и започнал да ја допира. Таа го оттурнала сторителот а набрзо по пријавувањето на настанот, полициските службеници го пронајдоа и приведоа во полициската станица, информираат од СВР Охрид.