Скопјанец починал при спуштање со велосипед од Водно

Вчера во 11.25 часот во Полициската станица Центар, Н.Б пријавил дека, додека се спуштал со велосипед на планината Водно, забелажал лице кое паднало и тешко дишело, по што повикал Итна медицинска помош, информира МВР во полицискиот билтен.

Според информациите во 12.15 часот екипа од Итната медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство.

Утврден бил идентитетот на починатиот, М.Ѓ.(68) од Скопје.

По наредба Јавен обвинител телото на починатиот било пренесено на Институтот за судска медицина за обдукција.