Скопјанец остана и без пари и без дуќан

Д.А.(62) вчера пријавил во полиција дека околу 12:30 часот додека бил во Трговскиот центар Лептокарија и меморирал број од оглас за издавање на дуќан под закуп му се доближило едно лице кое му се претставило дека е сопственик на дуќанот.

Лицето го информирало дека киријата била 500 евра месечно, со закуп за шест месеци однапред плаќање и побарал аванс од 200 евра.

Пријавителот му дал 100 фунти, 50 евра и 3.000 денари (вкупно 13.500 денари).

-Истите се договориле да разменат податоци, но додека пријавителот влегол за кусо во една продавница, лицето го напуштило местото на настанот, информираат од полицијата.

Се работи на целосно расчистување на случајот.