Скопјанец остана без службеното возило

Околу 01  часот 42-годишниот Ѓ.М. од Скопје пријавил дека на 21. во времето од 22,00 часот до полноќ на улицата "Петре Филиповски Гарката" од страна на непознат сторител му било одземено товарно моторно возило "Фиат Добло" со скопски регистарски ознаки сопственост на фирма.

Одземањето било извршено на тој начин што сторителот дошол до возилото и преку незаклучената врата влегол, го пронашол клучот кој бил на шал таблата и незабележан од никого заминал во непознат правец.

Се преземаат мерки за расчистувње на случајот.