Скопјанец остана без автомобил – му подметнале пожар

Синоќа, во Скопје бил предизвикан пожар во товарно возило од марката  „Застава 8310“, со скопски регистерски таблички, во сопственост на 43-годишниот Д.Ѓ. 

Сторителот дошол до возилото, ја отворил незаклучената врата и со употреба на запаливо средство го предизвикал пожарот. Од страна на екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Во тек е истрагата за случајот.