Скопјанец: Нарачаниот мебел по месец дена ми стигна во друга боја

Пред некое време го реновираме домот. Решивме да се подновиме со нова маса и столчиња.Ни беше кажано дека масата заедно со столиците ќе стигне за 10 дена. 

Поминаа и тие 10 дена, се јавив во фирмата која нуди  врвна услуга и точна и навремена испорака прашав до каде е работава, ми одговорија дека за ден два ќе ни бидат доставени. Но, од тогаш поминаа неверојатни 40 дена.

Кога конечно стигнаа, столиците беа во друга боја.

Им посочив дека згрешена е бојата, но тие почнаа да не убедуваат дека така сме ги нарачале.Се јавивме и кажавме дека има грешка во испорката и веднаш настана кавга како ние да сме виновни што они згрешиле, па уште не убедуваат дека суепр е бојата -стол, си е стол дал кафен или пртокалов зимај си!Им се заканив со тужба и за рок од три дена ги добив столиците во бојата која ја нарачав плус попуст.

Зар требаше да се заканам за навреме да ги добијам столчињата? Тоа се нашиве трговци, тие не гледаат да напредуваат, заглавени се со ваквиот однос и став. Имате среќа што луѓето уште ви купуваат, затоа што немаат друг избор.

Во другите земји со целосна уплата ве оставаат да чекате 48 дена за испорака на производ, со точно нагласени условите на испораката.До вратата на домот, не до влезната врата.

Кои се обврските на трговецот?

Трговецот или производителот е должен да го прими производот со недостаток од потрошувачот и да ги задоволи неговите барања, освен ако не докаже дека недостатоците на производот настанале поради повреда на правилата за употреба и чување од страна на потрошувачот, трети лица или виша сила.

Доставувањето на производи погабаритни од 1м3, или потешки од 10 кг, заради поправка, процена, замена или враќање на потрошувачот, се остварува бесплатно од страна на трговецот.

Во случај на неисполнување на оваа обврска и во случаите кога во местото на живеење на потрошувачот нема трговец или производител, доставувањето и враќањето на производот може да го направи самиот потрошувач. Во таков случај, трговецот е должен да му ги надомести неопходните трошоците кои се поврзани со доставувањето и враќањето на производите.

Пример: Доколку производот е купен во Скопје, а потрошувачот живее во Тетово каде што нема овластен сервис, во тој случај потрошувачот самостојно го носи производот на сервисирање во Скопје, а за таа цел трговецот треба да му ги надомести трошоците поврзани со доставувањето на производот.