Скопјанец нападнат со остар предмет во Центар, го спасил полицаец кој бил во близина

Во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Самоилова“ Б.Н. (51) од с. Чучер - Сандево, скопско, околу 13 часот, Р. Ч. кого пријавителот го познавал од порано и уште едно лице се обиделе да го нападнат со остар предмет, но по интервенција на полициски службеник кој обезбедувал објект, напаѓачите побегнале.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.