Скопјанец мамел малолетници на социјални мрежи, неговиот дом магацин за детска порнографија

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава против В.Б. (47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

Полицијата дошла до сознание дека пријавениот преку социјалните мрежи за комуникација остварил контакти со малолетни лица при што биле разменети фотографии во електронска форма со експлицитна содржина.

По претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во домот и други простории на пријавениот и притоа полицијата пронашла компјутерска опрема во која, по извршена форензичка анализа, биле пронајдени фото и видео материјали со порнографска содржина.