Скопјанец купил црн, но добил шарен.Каков леб јадеме?

Црниот и белиот леб се дел од нашата секојдневна храна и постојано сме во полемика, кој е поздрав за конзумирање.Деновиве на социјалните мрежи се појавија фотографии на граѓани што велат дека купиле црн леб, но добиле шарен. Имено, на фотографиите се гледаат делови од лебот што се бели. 

- Овој леб е купен денеска и јасно се гледа дека е обоен - пишува. 

Во коментарите, граѓаните споделуваат информации дека некои лебот го бојат со какао, а други со разни супстанции. Меѓу другото прашуваат и дали некој го проверува составот на лебот и дали она што го пишува на декларацијата е точно.

Во согласност со ХАСАП-плановите, производителите на леб и бели печива имаат обврска и редовно вршат лабораториски испитувања на своите производи, а инспекторите за храна ги контролираат резултатите од ваквите тестирања. Со контролите, велат од Агенцијата, досега не се евидентирани отстапувања од страна на операторите со храна во поглед на производството на овој тип производи, односно тие се произведуваат во согласност со пропишаните производствени спецификации. 

Недоволно информираниот купувач лесно може да биде измамен, бидејќи помеѓу вистинскиот и лажниот црн леб често и нема голема разлика во цената.

Пекарот има право да направи леб каков што сака но тоа мора да биде адекватно напишано на неговата амбалажа во составот на производот.

Сите лебови треба да бидат спакувани и да имаат декларација. Но на многу од нив не стојат проценти.

Ако е лебот ржан, тогаш треба да биде јасно истакнато колку проценти ржано брашно има во него.

Продолжува на наредната страна...............

Ова се неколку начини како да утврдте дали лебот што го купувате ја има вистинската содржина:

1.Особини на вистински црн леб:

-тврд, збиен и има блага влажност

-има благ мирис на трици

-средината има погруби пори

-никако неможе да биде еласичен и мек

2. Леб од трици

-треба да има најмалку 7% трици во него

-се прпепорачува на луѓе кои имаат проблем со варење на храна

-полн е со диетски влакна и ја поттикнува работата на цревата

-добар е за трудници, бидејќи содржи третина од потребите за фолна киселина

3.Бел леб

-овој леб има најмала прехранбена вредност и често содржи скриени количини шеќер и сол 

-откако ќе изедеме едно прче бел леб, шеќерот во крвта нагло расте па паѓа и чувството на ситос трае кратко

4.Интегрален леб

-интегралниот леб е бел леб кој е помешан со брашно од други житарици

-има малку повеќе влакна, витамин и минерали од белиот леб

-не е здрав како црниот леб

5.Ржан леб

-има повеќе од 20% пченично брашно и тоа мора да стои на декларацијата

-мешаниот ржан леб треба да има 30% ржано брашно

-содржи многу витамини, минерали и богат е со влакна, лесно се вари

-создава долготрајно чувство на ситост

-добар е за диета

6.Леб со овесни снегулки

-содржи најмалку 15% овесни снегулки

7.Млечен леб

-најмалку 50% од водата да биде заменета со млеко

8.Леб со суво грозје

-најмалку 10% суво грозје

9.Леб со пордолжена свежина

-треба да трае најмалку пет дена

10. Леб со пченични никулци

-да содржи најмалку 10% пченични никулци