Скопјанец каснат од куче скитник во Драчево, малолетно момче нападнато во Чаир

Во Полициската станица Центар, М.И. (37) од Скопје пријавил дека на ул. „Топаанска“, о. Чаир, неговиот 13-годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на десната рака.

Во ПС Драчево пак, Д.П. (27) од Скопје пријавил дека на ул. „Иван Хаџиниколов“, бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.