Скопјанец изваден од водите на Охридско Езеро - се бори за живот

Вистинска драма се одвивала вчера во Охрид, кога маж бил изваден од водите, па пренесен во болница, каде се бори за живот.

Се работи за 37-годишен маж од Скопје кој околу 14 часот бил изваден од водите на Охридското Езеро, на делот помеѓу Пештани и Градиште.