Скопјанец испил солна киселина и се фрлил во Вардар

Во полициската станица во Карпош вчера околу 19,45 часот, медицинска сестра од Итната медицинска помош пријавила дека на телефонскиот број 194 примиле пријава дека непознато лице паднало во реката Вардар, во близина на одбојкарското игралиште.

Од извршените проверки било утврдено дека се работи за лицето Р.К. (55) од Скопје кој испил поголема количина алкохол и солна киселина. Истиот од случајни минувачи бил изваден од реката и со возило на Брзата помош бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје на клиниката за Токсикологија.

Од страна на СВР-Скопје излезено е на местото на настанот и се работи на целосно расчистување.