Скопјанец ѝ се заканувал на поранешната девојка дека ќе објави нејзини експлицитни фотографии

Четириесет и едногодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека поранешното момче физички ја нападнало и дека ѝ се заканувало дека ќе објави нејзини фотографии со експлицитна содржина.

Вчера Л.Е. (41) од Скопје пријавила дека лицето З.П. (32) од Скопје ја уценувало со објавување фотографии со експлицитна содржина и дека физички ја нападнал.

„Според пријавата Л.Е. три години била во љубовна врска со З.П. и во мај годинава кога одлучила да ја прекине врската, тој почнал да ѝ се јавува на телефон и да ѝ се заканува дека доколку не се смират ќе испрати нејзини фотографии со експлицитна содржина до нејзини роднини и пријатели. По краток период, З.П. испратил дел од фотографиите на фејсбук профилот на нејзината ќерка, како и на една нејзина пријателка. Исто така, во мај годинава, според пријавителката, З.П. дошол кај неа на работа и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаница во телото“, велат од МВР.

Според информациите од полицијата, Л.Е. досега не го пријавила настанот затоа што се плашела за безбедноста на нејзиното семејство. З.П. ја следел неа и нејзината ќерка подолг период.

Полицијата мерки за целосно расчистување на случајот.