Скопјанец фатен на дело како гребе возила - сопствениците му го блокирале влезот дома

На фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ вчера беше објавен пост во кој се посочова жител на скопската населба Ченто, вработен на бензиска пумпа на Макпетрол кој намерно ги оштетувал возилата во Аеродром. По ова следела реакцијата од сопствениците на оштетените возила кои решиле возилата да ги паркираат пред неговиот двор со што му го блокирале влезот во дворот и гаражата.

„Јас живеам во населба Аеродром и си ги паркирам возилата на паркинг како и секој жител на населбата. Веќе година дена приметував гребење на возилата. Прво мислев дека е случајност, но веќе кога стана сомнително почнав да се ангажирам повеќе за да дознаам дали некој намерно ме гребе. После подолго време, имам докази дека човекот кој живее во куќава е гребачот. Откако добив цврсти докази ги паркирав возилата како што се на снимката. Значи не сум се паркирал кај него пред врата па да ме гребе, туку отпосле се паркирав кога веќе година и повеќе ми прави штета. Јас стапив во контакт со човекот и го замолив да ми ја плати штетата. Тој одби да го стори тоа и сега му ги паркирав за да не може да влезе дома. Сега мислам дека е јасно за што станува збор.„ - вели Антонио кој ова искуство го сподели со останатите фејсбук корисници.

Блокадата на дворот во скопската населба Ченто е документиран со соодветно видео кое може да го погледнете тука.