СЈО го чешла „ЈП Водовод и канализација“

Специјалното јавно обвинителство, ревизори и други институции го проверуваат јавното претпријатие Водовод и канализација во Скопје, откри за телевизија 24, директорот Душко Весковски.

Тој рече дека адвокати и нотари остварувале финасиски бенефити од Водовод, а имало и апсурни вработувања, како на пример тоа што стоматолог бил вработен во лабараторија на водовод.

Вескоски вели дека претпријатието e во долгови, а многу државни институции во минатото не плаќале сметки за вода.

Весковски посочи дека само Клиничкиот центар 10 години не плаќал за вода.