Сѐ во свое време...

Некој дипломира на 22 години, а потоа три години бара работа. Некој станал успешен директор на 25 години, а починал на 50 години. Некој друг станал директор на 50, а си проживеал 90 години. 

Има луѓе кои сѐ уште се сами, а некои имаат семејство и деца. 

Макрон стана претседател на 39 гдини, а Роберт Мугабе на 63 години. 

Шумахер станал шампион на 25 години, а Нино Фарино имаше 44 години кога победи на првата трка. 

Секој на овој свет трча сопствена трка и оди по сопствениот пат и оди според сопственото темпо. Времето е различно за сите. Кога ќе размислите малку подобро, сѐ на овој свет се одвива во своја временска зона. 

Некои од вашите пријатели можеби се малку пред вас, а некои можеби малку заостануваат. Сето тоа е сосема природно и нормално. 

Секој живее во своја временска зона. Не треба да им завидувате, ниту да се споредувате со другите, затоа што тие се во своја, а вие во своја временска зона.

Животот е само миг, исчекување на вистинската можност да го остварите она што го сакате.

И затоа опуштете се и уживајте.

Не сте задоцниле. Ниту пак сте подраниле.

Вие сте стигнале во вистинското време.