Ова е период на Јарците. Ова е сѐ што треба да знаете за нив.

Тие најчесто се зрели личности и големи индивидуалисти. Секогаш имаат внимателен пристап кон другите и многу одговорно однесување.

Родените во овој знак често делуваат студено поради нивните мисли и идеи. Тие се ограничуваат себеси во многу случаи, поради нивната конзербативна природа. Веруваат дека можат да постигнат сѐ што сонуваат, само ако останат фокусирани на тоа што го прават.  Тие се трпеливи личности и воопшто не се грижат колку време ќе им биде потребно за да го постигнат тоа што го сакаат.

Тешко е да ги задржите Јарците на едно место, бидејќи имаат различни личности во себе. Сепак, сите тие се свесни дека тешкотиите, па дури и страдањето се голем дел од животот. Јарците се многу сомничави кога нештата се преедноставни и тие мразат кога нештата одат многу лесно. Никогаш нема да ги видите смирени во таквите ситуации, бидејќи очекуваат дека нешто ќе тргне на лошо.

Јарците знаат како функционира моќта, бидејќи монгу анализираат и имаат силен капацитет во себе да ја покажат моќта. Но, треба да бидат претпазливи бидејќи можат да станат диктатори наместо големи лидери.

Како да ги освоите?

Јарците се чувствуваат најпријатно кога се сакани од луѓето, затоа ако се обидувате да освоите еден Јарец, бидете нивното огледало. Имајте го истиот говор на телото, слично однесување и слични емоции и тие ќе се чувствуваат како да сте едно со нив. Тие дефинитивно ќе ве забележат  ако се облекувате и зборувате како нив. На тој начин, многу ќе ги привлечете.  Но, ако многу претерувате, тие ќе направат обид да направат чекор назад и нема да бидете во можност да се поврзете со нив.

Како да знаете дека им се допаѓате?

Ако му се допаѓате на Јарец, тој ќе игра топло – ладно. Еден ден ќе флертуваат со вас, а другиот ден ќе ве избегнуваат. Тоа е така поради тоа што Јарците премногу размислуваат и повеќе би одбрале да бидат рамнодушни отколку да се целосно посветени на личноста која им се допаѓа. Јарците имаат потреба да  се чувствуваат супериорно и кога се заљубени се чувствуваат како да се слаби. Тоа е поради тоа што се плашат да бидат повреди. Но, ако направите да се чувствуваат сигурно во ваше друштво, ќе забележите колку можат да бидат топли и посветени личности. Обрнете внимание на советите кои ги добивате од родените од овој знак, бидејќи тие се голем знак на посветеност. Тие сакаат да бидете свесни за сите нивни позитивни карактеристики и тоа е начинот на којшто ќе се обидат да ве импресионираат. Ќе ве гледаат во очи и  ќе бидат интензивни со вас и тоа е сигурен знак дека им се допаѓате.

Како се однесуваат кога се во врска?

Во врска, Јарците сакаат да се движат бавно. Понекогаш, ќе бидат многу бавни кога влегуваат во врската, бидејќи им е потребно подолго време за да се чувствуваат безбедно со одлуките кои ги носат. Секогаш ги прават работите чекор по чекор. Нивните зборови секогаш (без исклучок) се искрени, но во врската сакаат вистинско делување и акција повеќе отколку празни зборови. Тие никогаш не би можеле да бидат со партнер/партнерка која многу ветува. Можете да прочитате што се случува во нивниот ум преку говорот на нивното тело и напорот кој го вложуваат. Тие се искрени, љубезни и дарежливи личности, но ако ви кажат дека им значите, таквите зборови имаат големо значење за нив.

Со кого си одговараат најмногу?

Јарците се резервирани, претпазливи и одговорни личности. Тие највеќе си одговараат со личност која ќе им ја даде нежната љубов која ја посакуваат. Сепак, потребен им е партнер кој може да се носи со нивната сериозност.

Јарците сакаат да бидат ценети онакви какви што се, никогаш нема да ве ценат доколку правите напор да ги смените. Највеќе си одговараат со родените во знакот Бик, бидејќи тие секогаш избираат сигурност и избираат комфор и познати нешта. Можат да имаат совршена врска и со Скорпија и Риби.

Какви се во сексот?

Јарците се многу сериозни во спалната соба, но тие се опседнати со сексот. Сепак, често може да се случи да го избегнуваат бидејќи многу зависи како се чувствуваат во момент. Сакаат нежен секс или многу груб секс, не сакаат средина.

Како се справуваат со скршено срце?

Јарците најчесто само го прифаќаат скршеното срце. За нив, болката е начин за да бидат подобри и да бидат претпализиви во тешки ситуации. Тие се и еден од знаците кои многу лесно можат да ги отргнат своите мисли од болните чувства.

Какви се како пријатели.

Како пријатели, Јарците се заинтересирани да го исполнат своето слободно време со луѓе кои се на високи позиции во општеството. Тие сакаат да имаат такви пријатели. Секогаш ќе се обидат да бидат на популарните места во градот.  Кога ќе стекнат пријатели кои ги ценат и сакаат, Јарците им се посветени и се вистински пријатели.

Како да ја стекнете нивната почит?

За да ја стекнете почитта на родените во овој знак, морате да бидете самоуверени. Тие се импресионирани од оние кои се помалку снобови и тоа се првите луѓе кои тие ќе ги забележат во соба полна со различни луѓе и карактери.

Како да знаете дека се лути?

Иако имаат мало трпение, тие ретко покажуваат дека се лути. Но, кога навистина ќе се налутат, тие ја покажуваат својата агресија. Ќе кршат нешта, ќе пцујат и ќе оставаат емотивни рани на оние кои им згрешиле. Тие се личности кои сигурно ќе ви кажат „Не сум лут/а, но само сум разочаран/а.“ Секогаш ќе се обидат да ги натераат луѓето да се чувствуваат ужасно кога им се лути.

Какви се кога се тажни?

Кога се тажни, Јарците претеруваат со размислувањето и анализирањето на нештата. Во таква ситуација, лесно ја губат мотивацијата и често се чувствуваат многу уморно и физички и умствено.

Какви се во нивното најдобро светло?

Во своето најдобро светло, Јарците се многу релаксирани личности. Тие се секогаш отворени да ги слушнат луѓето и нивните потреби и секогаш ќе ги проверат своите блиски пријатели како се чувствуваат. Ги земаат нештата онака како што им доаѓаат, тие се многу посветени и лојални и се трудат многу за да живеат со оптимизам.